Околу 840 мостови во Франција се тешко оштетени и се изложени на ризик од уривање во следните неколку години, објави француската владина комисија.

Во извештајот, објавен во локалните весници, се вели  дека е потребна поправка на една третина од 12.000 мостови во надлежност на француската влада.

Околу 840 мостови, кои претставуваат околу седум проценти, се „изложени на ризик од уривање” во следните години, ако трошоците за одржување не се зголемат, се вели во извештајот.

Комисијата не се занимаваше со илјадници други мостови во Франција, за кои се одговорни приватни компании или локалните власти.

Владата издаде ревизорски извештаи во јули, обвинувајќи ги претходните власти за неправилно и несоодветно финансирање за обнова на патната инфраструктура, додавајќи дека проблемот го влошил растот на сообраќајот и подолгите периоди на екстремни временски услови. 

Министерката за транспорт, Елизабет Борн, минатата недела објави план од  милијарда евра за „спасување на француски патишта”, вклучувајќи ги мостовите и тунелите.