Речиси 600 мигранти денеска се обиделе да влезат во Европа втурнувајќи се кон оградата која ја дели шпанската енкалава Сеута од Мароко, соопштија службите за итна помош.

Шпанскиот Црвен крст на Твитер напиша дека бил повикан да прегледа 592 лица по масовна турканица кон оградата која се случила рано изутринава.

Црвениот крст наведува дека во турканицата биле повредени 132 мигранти, а 11 биле хоспатилизирани за да им биде укажана помош.

Во нападот на мигрантите биле повредени и 22 полицајци, од кои четворица се хоспитализирани.

Шпанската Влада не соопшти колку мигранти успеале да влезат на шпанска територија.

Африканците од субсахарското подрачје кои живеат илегално во Мароко секоја година се обидуваат да се качат на шестметарската ограда со која се одвоени шпанските енклави Сеута и Малиља.