Александрија Окасио-Кортез

Конгресменката Александрија Окасио-Кортез ги обвини сопартијците од демократската партија за незапочнување на постапката за импичемент на американскиот претседател Доналд Трамп. Исто така изрази незадоволство од пристапот на лидерот на демократите Ненси Пелоси кон ова прашање, пренесе Си-ен-ен. 

Во неколку наврати таа ги повика демократите во Конгресот да го забрзаат  импичементот. Окасио-Кортез во мај на својот Твитер напиша дека Конгресот мора да го почитува уставот, вклучително и импичментот.

-Имаме должност да ги зачуваме нашите институции, да го почитуваме владеењето на правото – изјави Александрија Окасио-Кортез, која е најголемиот гласноговорник за импичемнт на американскиот претседател Трамп.

Три четвртини од демократите сè уште јавно не се изјасниле за ова прашање, а тоа не го направил и ниту еден претставник на  републиканците во Конгресот. Пелоси инсистира дека постапката за импичемент без подршка на републиканците ќе се одрази лошо за демократите на престојните избори во 2020 година. 

Демократката Алексадрија Окасио-Кортез е најмладата американска конгресменка во историјата и се најде на листата на „Форбс“ за највлијателни личности во 2019 година, завршуваат од Си-ен-ен.