Ван Дајк предала 145 луѓе, меѓу кои и семејството на нејзиниот брат

Ана Франк и нејзиното семејство, наводно, биле предадени од Еврејката Анс ван Дајк, која била погубена по Втората светска војна поради соработката со нацистите, според новите тврдења во книгата „Дворот на тајниот анекс“ на Џерард Кремер (70), пренесува британски „Гардијан“.

Мистеријата за судбината на девојчето и нејзиното семејство, кои биле пронајдени во тајна просторија во зграда, во амстердамското предградие Принсенграхт, во август 1944 година, ги збунуваше истражителите и академиците кои се занимаваа со случајот.

Претходно, беше посочувана вклученоста на Анс ван Дајк, која пак, беше погубена во 1948 година, поради соработката со окупаторот во апсењето на 145 луѓе, меѓу кои и семејството на нејзиниот брат. Но, музејот и истражувачкиот центар на Ана Франк не можеа да дојдат до конкретен заклучок.

Новите тврдења се изнесени во книгата на Џерард Кремер, синот на член на холандскиот отпор со истото име, кој бил познаник со Ван Дајк. Кремер постариот (починал во 1978 година), кој работел во зграда заземена од Германците, тврдел оти Кремер редовно ги посетувала нацистичките простории по нејзиното апсење во 1943 година, честопати за да телефонира, откако се согласила да соработува со окупаторот.

Книгата сугерира дека Кремер ја наслушнал Ван Дајк како разговара со нацистичките офицери за Принсенграхт, каде што семејството Франк се криело. Франкови потоа биле уапсени на 4 август 1944 година.

Тогаш петнаесетгодишната Ана Франк, потоа беше испратена во транзитниот-камп Вестерброк, односно во логорот Аушвиц, пред да заврши во Берген-Белсен, каде што починала од тифус во февруари 1945 година. Дневникот на Ана Франк, што го опишува периодот на нејзино криење помеѓу 1942 и 1944 година, е едно од најпознатите книжевни дела на денешницата.

Претставници на музејот на Ана Франк соопштија дека контактирале со Кремер, но оти сметаат дека не постојат конкретни докази за вината на Ван Дајк.

Ана Франк