Италијанските власти денеска соопштија дека заболувањето на 400 лица од Легионерска болест било предизвикано од инфицирани цистерни за разладување вода.

Досега две лица починаа од болеста, а другите беа хоспитализирани со симптоми на пневмонија, по инфекцијата во повеќе градови во северна Италија.

Бактеријата била откриена во застојани води во околината на Киезе, додека по испитувањето на водата во Бреша, било утврдено дека таа е добра за пиење. Случаи на заболување биле пријавени дури од миење на возилата, доколку тоа се врши со инфицирана вода која се распрскува наоколу.

Властите им препорачуваат на граѓаните да ги променат филтрите за вода и да ја пуштат чешмата да истече пред пиење.