Мексиканските власти денеска ослободија 22 туристи, главно Кубанци и Хаиќани, кои претходно беа киднапирани од вооружени напаѓачи во хотел во државата Сан Луис Потоси во централниот дел на земјата, објави регионалниот државен обвинител.

Напаѓачите киднапираа и 16 Мексиканци, кои беа ослободени порано, за време на упадот во хотелот „Сол и Луна“ во градот Матехуала, пренесуваат светските агенции.

Странските државјани беа ослободени во оддалечена област на патот помеѓу Матехуал и регионалната престолнина Сан Луис Потоси.

Во соопштението не се наведуваат детали за спасувачката операција, ниту пак се наведува дали некој од заложниците е повреден.

Меѓу киднапираните туристи имало три малолетни лица и една бремена жена.