Шестгодишната Каја заедно со нејзината баба

Полицаец од Флорида е под истрага откако уапсил две деца на возраст од шест и осум години во два одделни инциденти на училиште минатата недела, пренесува „Индипендент“.

Полицаецот, кој бил дел од обезбедувањето во училиштето, морал првично да добие посебна дозвола од надлежните во училиштето за апсење на лице под 12 години. Меѓутоа во двата наврати реагирал на своја рака.

Бабата на шестгодишната Каја за локалната телевизија изјави дека нејзината внука била уапсена и испратена во центар за малолетници, затоа што агресивно се однесувала со член на наставничкиот кадар во училиштето. Таа додаде дека наводно тоа се должело на спиечката апнеа за која Каја веќе добивала терапија и за едно шестгодишно дете ова било особено трауматичен настан.

Децата биле веднаш пуштени на слобода и вратени дома. Полицаецот во минатото бил суспендиран поради злоупотреба на деца и насилно однесување.