Обединетите Нации соопштија дека 149 бегалци и мигранти, од кои речиси половина се деца, безбедно биле евакуирани од либиската престолнина Триполи во Рим.

Заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека тие се префрлени од објект на агенцијата на ОН за бегалци во Триполи, бидејќи претходно неколку месеци ги провеле во притворските центри во либиската престолнина во многу лоши услови.

Станува збор за бегалци од Еритреја, Сомалија, Судан и Етиопија, а според зборовите на Хак, повеќето од нив се неухранети и неопходна им е медицинска помош, пренесе „АП“.