Делови од германски бетонски автопатишта се со пукнатини поради неколкуте денови високи температури. Без инвестиции малку е веројатно тие патишта да издржат влијание на глобалното загревање, објавија германски медиуми.

Бранот жештини изминатите неколку денови во делови од Германија со температури над 30 степени Целзиусови, предивика пукнатини и подигнување на делови од површината на автопатишта.

Затвоени се три ленти од авто-патот А-1 севрно од Хамбург меѓу Бад Олдесле и Баргтехајд што влијае на 70.000 возачи. Делови од автопатот А-10 близу Белрин исто така се затворени неделава, а тимови за одржување и полициата надгледуваат промени на состојбата на автопатот А-9 во Саксонија-Анхалт западно од Берлин кој е исто така оштетен.

Германскиот автомобилски клуб АДАК повика сојузната Влада да донесе долгорочна стратегија и да зголеми инвестиции.