Најмалку 147 луѓе загинале од удар на гром во последните 10 дена во индиската држава Бихар на североисток и се предупредува дека невремето би можело да зачести деновиве.
Само минатиот четврток властите регистрирале околу 26 жртви на гром, 15 лица во петокот, а 21 во саботата, додека 40 се повредени.

Во тек е сезоната на монсуните, која трае од јуни до септември и во текот на која земјоделците работат на нивите. Минатата година 170 луѓе беа погодени од гром за време на монсунскиот период.