Административниот суд во Париз ја одобри изградбата на првиот облакодер по 1973 година, кој ќе биде лоциран во јужниот дел на Париз, пренесе „Танјуг“.

Станува збор за таканаречената Триаголна кула (Tour Triangle) со 41 кат, проектирана од страна на швајцарската компанија Herzog & de Meron. Истата ќе биде изградена во 15-от арондисман на Париз, пренесе „Урбан дивелопер“.

Контроверзниот проект првпат беше презентиран од страна на архитектите на Herzog & de Meron во 2008 година, по што тие наидоа на остри критики – локалните жители тврдеа дека зградата ќе им го спречи пристапот до сончева светлина, а политичарите дека дизајнот би бил неодржлив.

Проектот за амбициозната градба првпат беше отфрлен кон крајот на 2014 година, по што, по неколку промени, во 2015 година беше усвоен од страна на Советот на Париз со тесно мнозинство.

Потоа повторно беше отфрлен откако три асоцијации од соседството СОС Париз, Француската природна средина Iil-d-Frans и Асоцијацијата за рамномерен развој, иницираа повлекување на одобрението.

Швајцарската фирма, Herzog & de Meron, позната по проектите на Олимпискиот стадион во Пекинг и њујоршкиот музеј за уметност Периш, соопшти дека Триаголната кула ќе биде препознатливо одбележје од кое ќе може да се доживее париската панорама во целиот нејзин сјај.

Облакодерот висок 190 метри ќе содржи хотели со 4 ѕвезди и вкупно 120 соби, канецелариски простории и културни објекти.