Според одбраната на Алан Дершовиц, Трамп е имун на постапката за импичмент

Секој што ги почитува институциите и што го посветил животот на одбраната на уставот и на раздвојувањето на овластувањата, би требал да препознае колку опасни и неискрени се аргументите на адвокатот Алан Дершовиц на сметка на претседателот Доналд Трамп, пишува Џон Авлон во неговата колумна „Одбраната „кралот Трамп“ е застрашувачка“, објавена од Си-ен-ен.

– Ако претседателот сторил нешто за што верува дека ќе му помогне да биде избран, што е од јавен интерес, тоа не може да биде резултира со имичмент – истакна Дершовиц.

Со ова тврдење, адвокатот потполно ги испреплетува личниот интерес на претседателот со националниот интерес. Ако претседателот мисли „јас сум најдобриот претседател на сите времиња. Ако не бидам избран, националниот интерес ќе претрпи голема штета“, тогаш Дершовиц верува дека „тој не би можел да биде отповикан“.

Претходно Дершовиц тврдеше дека „злоупотребата на моќта“ не би можела да се смета за прекршок вреден за импичмент. Ваквото тврдење спаѓа во „правната куќа на срамот“ заедно со она на адвокатот на поранешниот американски претседател Ричард Никсон, Џејмс Сент Клер, кој звучеше засрамено кога пред Апелациониот суд кажа „претседателот сака да тврдам дека тој е моќен како Луј Четиринаесетти, во текот на четири години, и не е подложен на процесите на кој било суд во државата, освен судот за импичемент“.

Апсурдната одбрана на Сент Клер направи барем отстапка за импичментот. А правниот тим на Трамп отиде чекор понапред, велејќи дека тој е имун на судот за импичмент. Ова е одбраната „кралот Трамп“ и таа е навреда за нашиот устав и за разделбата на овластувањата. Секој што се грижи за уставот треба да ја препознае опасноста од ваквиот аргумент, заклучува авторот на колумната.