Поранешниот крал на Белгија, Алберт Втори (84), ќе биде парично казнет во висина од 5.000 евра на ден се додека не прифати да подлежи на ДНК-тест, по вчерашната одлука на апелациониот суд во Брисел, пренесува „Јуроњуз“.

Поранешниот монарх во февруари одби да подлежи на ДНК-тест за докажување на неговото таткоство во случајот со вонбрачното дете, кое тој наводно го посвоил во 1960 година, тврдење кое Алберт Втори го негира.

Судот на Брисел тогаш му дал рок од три месеци на поранешниот крал да достави примерок од плунка за ДНК-тестирање.

Доколку тој не соработува, ќе биде парично казнет во висина од пет илјади евра за секој ден што ќе одбива да подлежи на тестирање.

Се претпоставува дека Алберт Втори е татко на Делфин Боел (50), жената која што ја започна правната процедура со цел да се здобие со официјално признание како дете на поранешниот крал.

Делфин Боел

Паричните казни ќе започнат од денот на кој е закажан терминот за ДНК тестирање, кој наскоро ќе биде објавен.

Овој случај започна во 1999 година кога неофицијална биографија од сопругата на кралот, која објавила обвинувања дека кралот посвоил нелегитимно дете.

Во 2005 година, Делфин Боел, во интервју кажала дека кралот Алберт Втори е нејзиниот биолошки татко.