Полиција претресе над 50 згради во Германија, а акцијата беше насочена против корисниците на интернет-платформи на кои се шири детска порнографија.

– Ова е досега најголемата координирана акција против детска порнографија во Баварија – рече министерот за правда на Баварија, Георг Ајзенах.

Покрај Баварија, претреси беа извршени и во Долна Саксонија и во Баден-Вуртемберг.

Вкупно 51 лице се осомничени за поседување и дистрибуција на детска порнографија, како и за обид за контакт со малолетни лица преку интернет со намера сексуално искористување.

– Сторителите доаѓаат од сите возрасни групи, занимања и социјални слоеви – рече Ајзенах.

Запленето е големо количество паметни телефони, компјутери и носачи на податоци во акцијата во која учествувале 213 полицајци.

Оваа недела во Германија веќе се случи голема операција против глобалниот синџир педофили, при што беа уапсени три лица.