Експлозијата што утринава се случи во близина на Американската амбасада во Пекинг била предизвикана од мала импровизирана направа, соопшти претставник на дипломатското претставништво на САД.

Повикувајјќи се на информации добиени од кинеската полиција, тој нагласи дека напаѓачот бил идентификуван како маж од областа Внатрешна Монголија, кој бил повреден кога ја детонирал бомбата, без притоа да предизвика други штети.

Бомбата била направена со поврзување на повеќе огнометни ракети.

Претставникот на Американската амбасада соопшти дека при експлозијата не била предизвикана штета врз зградата.

Претходно, медиумите јавија дека наводно имало обид и за протестно самозапалување пред Амбасадата, при што кинеската полиција ја одвела жената која се полеала со бензин.

Очевидци информираа дека полицијата проверувала возило паркирано пред Амбасадата, а некои од пристапните патишта биле блокирани.