Во сојузната држава Орегон, бројот на евакуирани во пожарите се проценува дека се искачи на 500.000 лица што е повеќе од 10 отсто од населението од 4,2 милиони жители.
Еден од најкатастрофалните пожари во Алмеда, кој изби во Ешленд, во близината на границата со Калифорнија, се третира како сомнителен. Со него се поврзани најмалку две настрадани лица и се уништени стотици дома во градовите Феникс и Талент.
Пожарите што избија уште во август, познати и како „августовски комплекс“, се досега најголемите пожари забележани во историјата на Калифорнија, во кои се уништени над 198.000 хектари шума.
Низ Калифорнија изгореа речиси еден милион хектари, со што се надминаа размерите од смртоносните пожари во 2018 година. Сезоната на пожари во САД уште не е завршена, така што и во наредниот месец состојбата ќе биде алармантна. Првичните пожари минатиот месец беа резултат на бури со грмежи.