Портретот на Ким Јонг-ун беше забележан во текот на посетата на кубанскиот претседател на Северна Кореја

Северна Кореја го претстави веројатно првиот официјален портрет на Ким Јонг-ун, означувајќи нова фаза во негувањето на култот на личноста на нејзиниот лидер, пишува магазинот „Тајм“.

Ким Јонг-ун е прикажан во модерен костум и вратоврска, со широка насмевка на лицето, на портретот што беше забележан во текот на телевизискиот пренос од посетата на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, чиј портрет, исто така, беше поставен веднаш до сликата со ликот на севернокорејскиот лидер.

Не е познато дека Ким Јонг-ун претходно имаше официјален портрет, како што беше случајот со неговите татко Ким Јонг-ил, односно дедо Ким ил-Сунг. Портретите на севернокорејските лидери вообичано се изработувани од уметничкото студио „Мансундае“ во Пјонгјанг, под строги прописи. 

Официјалните портрети на северонокорејскиот државен врв се поставувани на јавните места, како важни симболи на владејачкиот режим. Ким Јонг-ун вообичаено е претставен како наследник, наместо како лидер, откако ја презема власта во 2011 година. Тој досега направи неколку значителни чекори за „оттргнување“ од неговите предци, како што се реформите во нуклеарната програма.