Унгарската полиција објави ново видео кое покажува дека туристичкиот брод што синоќа се преврти во Дунав, а кој превезувал 30-ина туристи од Јужна Кореја, се движел во ист правец со поголемиот брод со кој се судри.

– Двата брода тргнале кон север кога се нашле меѓу два столба на мостот „Маргарита“. Од непозната причина „Хаблеани“ го сменил правецот и се нашол пред бродот „Викинг“. Кога „Викинг“ дошол во контакт со него, малиот брод се превртел и потонал за седум секунди – изјавил шефот на канцеларијата за управување со катастрофи во Будимпеша, Габор Палотаи.

Досега е потврдено дека во несреќата загинале седум патници, седум се спасени, а по 19 се трага.