Најмалку 13 лица се повредени при пожар во Светскиот трговски центар во Хонгконг. Властите соопштија дека околу 1.250 луѓе биле евакуирани, вклучително и лицата на покривот каде што избегале од огнот. Станува збор за околу 300 луѓе кои беа заробени на покривот. Надлежните соопштија дека успеале да изгаснат поголем дел од пожарот.