Пронајдени пет тела на загинати луѓе во одроните во југозападна Кина, со што бројот на загинати се искачи на 20. Според информациите, се трага по уште 25 исчезнати.

Две жени и три деца се последните жртви извлечени од под разурнатите куќи во село во округот Шуиченг, пренесоа американските медиуми.

Кинеската агенција Ксинхуа пренесе дека 25 лица се водат за исчезнати, а дека 11 лица биле спасени во одроните од оваа недела.

Обилните дождови предизвикаа поплави и одрони ширум цела јужна Кина.