Делегатите за малку ќе го собореа кинескиот претседател, Си Џинпинг, по пленарната седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Веднаш по завршувањето на дискусијата, новинарите и претставниците на делегациите од повеќе земји тргнаа кон бината, па додека едни довикуваа прашања, други сакаа да се фотографираат, а имаше и такви кои се приближија за да го поздрават. Најактивни беа претставниците од Кина кои гласно го поздравуваа нивниот лидер и се обидуваа да го привлечат неговото внимание.

Си Џинпинг кон еден од нив се обиде да ја пружи раката, но изгуби рамнотежа. Претседателот на Кина го задржаа телохранителите на рускиот претседател, Владимир Путин, по што кинескиот лидер мирно ја напушти салата.