Фондот за порамнување долгови во во Обединетите Арапски Емирати објави план за отпишување на кредити во вредност од 361 милион дирхами (речиси 87 милиони евра).
Оваа мерка има за цел да обезбеди пристоен животен стандард за сите граѓани на ОАЕ, заедно со високо ниво на социјална стабилност, појасни Џабер Мохамед Ганем Ал Суваиди, претседател на Врховниот комитет на Фондот за порамнување на долгот. Според Ал Суваиди, дарежливиот гест ќе го намали финансискиот товар на граѓаните на земјата

Иницијативата ќе се спроведува во блиско партнерство меѓу Федерацијата ОАЕ и и Централната банка на ОАЕ, со 13 локални кредитодаватели кои учествуваат во програмата.

Владата, исто така, покрена и специјални сесии за подигнување на свеста за подобрување на финансиската писменост на граѓаните на Емиратите, давајќи детали за ризиците од живеење „на кредит” и за подучување на младите луѓе како да управуваат со своите финансии.