Јапонија и Сингапур веќе немаат најмоќен пасош на светот. Според интернет страницата „The Passport Index“, на врвот на листата се наоѓа пасошот на Обединетите Арапски Емирати.

Со овој пасош може да се влезе без никакви проблеми во дури 167 земји, односно има пристап во 84 отсто од светот.

„The Passport Index“ ги зема предвид пасошите од 193 земји и шест региони кои се членки на ОН. Први на листата се патните исправи од земјите со кои може да се влезе во други држави без виза и посебни барања.

ОАЕ го достигнаа врвот во рекорден рок. Првпат се забележани на листата во декември 2016 година (на 27 место) и за две години се искачија на прво место.

Во топ 10 земји се наоѓаат Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, како и Холандија, со чии пасоши може да се патува во 165, односно 166 земји.

Македонскиот пасош се наоѓа на 36. место на листата и со него може да се влезе во 118 земји. 

Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За носителите на македонски пасоши потребна е виза за патување во 80 земји.

Од земјите во регионот пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на петто место, Словенија е на седмото место, Бугарија е на 10-то место, Хрватска на 11-то, по неа е Србија на 31 место, Црна Гора на 38, Босна и Херцеговина на 40, Албанија на 43 место, а најслабо рангирано е Косово на 81. место.

На прво место на ранг листата е пасошот на Обединетите Арапски Емирати, чии граѓани можат без визи да патуваат во 113 земји, а второто го делат Германија и Сингапур, чии држајани без виза влегуцаат во 127 земји.

На дното на листата од вкупно рангирани 199 земји се Сирија, Пакистан, Ирак и Авганистан, кои без визи можат да патуваат во помалку од девет држави во светот.