Руски државен обвинител одзел едногодишно дете од родителите поради тоа што го носеле на недозволен протест.

Обвинителството навело дека Олга и Дмитри Проказов го загрозиле детето водејќи го на протестот што се одржа на 27 јули и му го дале детето на човек против кој е покренато обвинение дека ги организирал протестите.

Омбудсманот за правата на децата упати остри критики кон државниот обвинител и побара од него да го повлече обвинението.

Родителите негирале дека учествувале во протестите и рекле дека само шетале низ центарот на Москва. Дмитри навел дека не направил ништо лошо кога му дозволил на пријател да го носи детето.

Истражителите пак, тврдат дека човекот го искористил детето како штит за да се пробие низ полициските кордони.

Протестот на кој присуствувале родителите се одржа поради исклучувањето на опозициските кандидати од септемвриските избори за Градскиот совет на Москва.