Поранешниот американски претседател Барак Обама пристигна во Кенија, земјата на неговите предци. Ова е негова прва посета на таа земја откако ја напушти претседателската функција. 

За време на посетата, Обама ќе и помогне на полусестрата Аума Обама, која има фондација „Саути Куу“, да отвори спортски центар. 

Не се очекува неговата посета да привлече големо внимание во главниот град Најроби, за разлика од неговите претходни посети кога стотици Кенијци го чекаа и го поздравија по улиците, како сенатор во 2006 година, а потоа и како претседател во 2015 година.