Француската катедрала Нотр Дам нема да одржи божиќна полноќна миса годинава, за првпат по повеќе од два века.

Во катедралата, која беше оштетена во голем пожар во април годинава, за време на двете светски војни се одржуваа божиќни миси.

-Ова е првпат по Француската револуција да нема полноќна миса – рече пасторот на катедралата Патрик Шоув, пренесува „АП“.