Норвешка го евакуирала целиот екипаж на воениот брод откако во фјорд се судрил со танкер, јави Би-би-си.

Во раните утрински часови седум лица се повредени во Хјелтефјордот кај Берген, информираат спасувачите.

Воениот брод се враќал од НАТО вежбите. Танкерот бил полесно оштетен, но нема индиции дека истекла нафта.

Нема информации за околностите што довеле до судирот.

Неофицијални извори тврдат дека од танкерот сепак истекла нафта, а постои и стравување дека заради количеството на вода на танкерот, тој едноставно би можел да потоне.