Од рускиот дипломат било побарано да ја напушти Норвашка кога пред неколку дена во Осло беше уапсен Норвежанец осомничен за шпионажа во корист на Русија.

Окружниот суд во Осло на норвешкиот државјанин по потекло од Индија му одреди притвор од четири недели.

Норвешката разузнавачка служба (ПСТ) пред два дена уапси Норвежанец осомничен дека предал чувствителни информации на лице идентификувано како агент на руските разузнавачки служби.

– Го известивме рускиот амбасадор дека вработен во руската амбасада како дипломат веќе не е пожелен и дека тој мора да ја напушти Норвешка – рече портпаролот на норвешкото Министерство за надворешни работи.
– Дипломатот е вклучен во активности што не се компатибилни со неговата улога и дипломатскиот статус и ние бараме од него да ја напушти Норвешка оваа недела – додаде портпаролот.