Норвешка објави дека ги стопирала новите дозволи за извоз на оружје во Саудиска Арабија по неодамнешните случувања во заливската земја и ситуацијата во Јемен. 

Портпарол на Министерството за надворешни работи одби да каже дали одлуката е делумно мотивирана со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул на 2 октомври.

– Одлучивме дека во актуелната ситуација нема да даваме нови дозволи за одбранбен материјал или повеќе наменска стока во воени цели на Саудиска Арабија, изјави министерката за надворешни работи Ериксен Сореиде.

Германија минатиот месец рече дека ќе го прекине извозот на оружје во Саудиска Арабија се додека не се разјасни убиството на Кашоги.

Норвешката објава стигна недела дена откако министерот за надворешни работи го повика саудискиот амбасадор во Осло поради протести против убиството на Кашоги.

Одлуката (за прекинување на дозволите) беше донесена по сеопфатна проценка на настаните во Саудиска Арабија и нејасната ситуација во Јемен “, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.