Норвешкиот парламент соопшти дека повторно бил цел на хакери, шест месеци по претходниот хакерски напад врз институцијата, изјави административниот шеф на парламентот, Мараиан Андреасен.

– Знаеме дека се украдени податоци, но засега немаме целосен увид во ситуацијата – изјави Андреасен, пренесе „РТ“.

Сѐ уште не е познато кој го извршил нападот и дали е поврзан со оној што се случи во септември, минатата година. Официјално Осло за претходниот хакерскиот напад ја обвини Русија, а Москва демантираше каква било вмешаност.