Трета девојка за само една недела е силувана и жива запалена во Индија, што е најнов брутален напад што ја шокираше оваа земја.

Девојката стара 16 години им подлегна на повредите во државата Мадија Прадеш, пренесува Гардијан.

Две други тинејџерки беа жртви на слични напади пред една недела во државата Џаркханд. Една почина, додека другата е во болница.

За последното силување полицијата привела две лица. Едниот од приведените е роднина на жртвата, кој го информирал напаѓачот дека девојката е сама дома. Осомничениот за силувањето е оженет.