Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вчера требаше да го потпишат текстот на договорот за јакнење на француско-германските односи, чија цел е испраќање позитивна порака до Европската Унија, ослабена со порастот на национализам.

Овој пат тие ќе го потпишат новиот договор за соработка помеѓу Франција и Германија, педесет и шест години по договорот потпишан од Конрад Аденауер и Шарл де Гол во Елисејската палата. Текстот ги одразува и интензитетот на француско-германските односи и тешкотијата да се даде нов елан.

Идејата за овој нов договор беше на Емануел Макрон во неговиот говор на Сорбона, на 26 септември 2017 година. Составен од дваесет и осум члена, овој Договор за француско-германска соработка и интеграција нема иста амбиција како договорот од 1963 година. Во тоа време, помалку од 20 години по завршувањето на Втората светска војна, Шарл де Гол и Конрад Аденауер потпишаа договор за помирување, вели Елисејската палата. Педесет и шест години подоцна, тоа е договор за усогласување, кој ќе го потпишат Емануел Макрон и Ангела Меркел, се објаснува во Париз.