Патник во јапонски супер експресен воз утринава предизвикал пожар на подот, кој бргу бил изгаснат од патниците и во кој нема повредени, соопшти полицијата.

Осомничениот испрскал со течност на подот, запалил парче хартија со запалка и го пуштил на подот до своето седиште.

Осомничениот наводно сакал да изврши сличен напад како минатoнеделниот во Токио, во кој беа повредени 17 лица, пренесуваат агенциите.

За среќа, огнот малку го оштетил подот, но патниците бргу го изгаснале, а кондуктерот ја алармирал полицијата, која се качила на возот штом застанал на следната станица.

Осомничениот, кој седел тивко и не давал отпор, бил уапсен под сомнение дека предизвикал пожар, соопшти полицијата.

Од таму известија дека Кијоши Мијаке (69) од Фукуока им кажал дека се обидел да го имитира нападот што на 31 октомври го извршил маж облечен во зелена кошула и виолетов костум, сличен на костимот на злобниот Џокер, кога 17 луѓе беа повредени.