Фото: Илустрација

Додека пожарите продолжуваат да ја мачат Австралија, се појавува нов живот во некои од претходно уништените области, нудејќи надеж и оптимизам. Нова вегетација е забележана на плажата Перегијан во Квинсленд, потоа во областа околу Кулнара во Нов Јужен Велс или во националниот парк Дураг.

– Ова се знаците на живот што го баравме. Сведоци сме на повторното раѓање на шумата, по која е позната позната Австралија – изјави еден од фотографите што ги сними овие сцени.

Исто така, се дознава дека австралиската противпожарна служба со екстремни напори успеала да го спаси единственото познато природно живеалиште на борови од видот волеми.