Во нападот врз автобусот во Јемен загина 51 лице, меѓу кои 40 деца, е новиот биланс што денеска го соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Во нападот што се случи во четвртокот, повредени се 79 лица, од кои 56 деца.

Новите податоци се соопштени врз основа на бунтовниците Хути кои го осудија „масакрот“ на авијацијата на саудиска Арабија врз децета во јемен.

Според претходните податоци загинале 29 деца помлади од 15 години.

Погребот на жртвите ќе биде денеска.

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија од 26 март 2015 година ги бомбардира позициите на шиитските бунтовници од племето Хути. Оваа коалиција го поддржува претседателот на Јемен Абед Рабо Мансур Хади, кој беше принуден да ја напушти земјата.

Во Јемен во граѓанската војна од март 2015 година загинаа околу 10.000 луѓе, неколку десетици илјади се ранети, а над 2,5 милиони се во бегство.