Два руски ловци „Су-30“ следеле два американски бомбардери „Б-1Б“ над Црното Море, кои летале кон руската граница, па американските пилоти го смениле курсот, обајвуваат агенциите во светот. Ова денеска го соопшти и Националниот одбранбен центар на Министерството за одбрана на Русија. Како што беше прецизирано во соопштението, руските радари вчера откриле цели над Црното Море, кои се приближувале до границите со Русија.

– Со цел да се идентификуваат воздушните цели и да се спречат прекршувања на државната граница на Русија, два авиона „Су-30“ од поморската авијација и воздушните одбранбени сили на Црноморската флота беа подигнати во воздух. Екипи на руските ловци идентификуваа воздушни цели, како два суперсонични стратешки бомбардери „Б-1Б“ придружувани од два авиона „КЦ-135“ и ги придружуваа над Црното Море – соопшти Центарот.

Откако странските воени авиони се тргнаа од државната граница на Руската Федерација, руските борци безбедно се вратија на домашниот аеродром.

– Не беа дозволени прекршувања на државната граница на Руската Федерација – се заклучува во соопштението. Центарот нагласи дека летот на руските авиони бил извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.