Борбите во либискиот главен град Триполи меѓу силите на владата и побунетите армиски единици повторно се во тек, и покрај договорот за прекин на огнот. Неколку генератори на струја биле оштетени во судирите што предизвикало помрачување во западните и јужните делови од земјата.

Борбите почнаа откако Владата се обиде да расформира единица на армијата, чии офицери возвратија со напад врз делови на главниот град. Аеродромот во Триполи мораше да биде затворен како резултат на пресметките.

Либија е во состојба на хаос од Арапската пролет во 2011 година, кога демонстранти, поддржани од Британија, Франција и САД, го урнаа режимот на Моамер Гадафи. Безредијата во Либија придонесоа и кон европската мигрантска криза, откако жители од разни држави низ Африка ја искористија близината на оваа земја до Италија за да се упатат кон Европа преку Средоземно Море.