Турската полиција уапси повеќе од 50 лица под сомнение дека се поврзани со терористичката група Исламска држава(ИД) во серија акции во Истанбул, објавија денеска турските медиуми.

Апсењата се случиле доцна синоќа и тоа низ повеќе квартови на Истанбул, наведува приватната агенција Доган. Вкупно се уапсени 54 лица и приведени на испитување.

Полицијата ги сомничи уапсените дека планирале да заминат во Сирија.