Двајца високи воени претставници се уапсени денеска во Венецуела, осомничени за учество во обидот за атентат врз претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

Јавниот обвинител Тарек Вилијам Саб изјави дека бројот на осомничени се зголемил на 34, вклучувајќи еден генерал, еден полковник и двајца пратеници кои се спротиставуваат на владата на Мадуро.

Во обидот за убиство на Мадуро како што наведуваат официјални лица, учествувале два дрона опремени со пластичен експлозив активиран во близина на Мадуро во момент на обраќање на воена парада во овој месец.

Досега, според Саба, уапсени се 14 лица.

Венецуелските власти побараа од Колумбија да го екстрадира Хулио Борхес, познат опозициски пратеник кој живее во Богота.