Мигранти од Гватемала на пат кон САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп преку воведување на нови правила за поднесување на азил во САД ќе се обиде да го ограничи бројот на мигранти од Централна Америка, пренесува Би-би-си.

Според новите правила, мигрантите кои патуваат преку друга земја пред да пристигнат на границата со САД ќе бидат неподобни за добивање на азил во земјата. Исклучок ќе бидат само мигрантите кои биле жртва на трговија со луѓе.

Најавувајќи ги промените на правилата, јавниот обвинител Бил Бар изјави дека овој чекор ќе ги обехрабри економските мигранти да го експлоатираат американскиот систем за доделување на азил.

– САД е многу великодушна земја, но во моментов е целосно преоптоварена со илјадниците луѓе на јужната граница – истакна Бар.

Чекорот на американската аминистрација доаѓа откако судот во Гватемала привремено го блокираше договорот за миграција со кој земјата во Централа Америка се карактеризира како „безбедна трета земја“.