Денес се одржуваат парламентарни избори во Израел, трети за помалку од една година, за да се одлучи дали Бенџамин Нетанјаху ќе остане на власт и покрај претстојното судење по обвиненијата за корупција.

Нетанјаху, лидер со најдолг стаж во Израел, ја води преодната влада повеќе од една година, бидејќи во поделената земја, ниту една опција не успеа да формира влада по две рунди избори.

Негов главен конкурент е пензионираниот воен командант Берн Ганц, чија партија „Сино и бело“ води мртва трка со „Ликуд“ на Нетанјаху.

Анкетите предвидуваат резултати слични на претходните избори и денешното гласање би можело да биде увертира за нови избори, јави АП.