Новите вегански банкноти од 100 евра и 200 евра, најновите во серијата „Европа“, денеска влегоа во оптек.

Серијата беше пуштена 2013 година за да ги замени банкнотите кои првпат беа воведени во 2002 година, кога еврото почна да се користи.

Банкнотите треба да бидат потрајни и потешки за фалсификување. Новите карактеристики вклучуваат истакнат дизајн во некои делови на банкнотата и воден печат од митолошката фигура Европа кој се забележува кога банкнотата е изложена на светлина.

Банкнотите се изработени од памучна хартија наместо полимер, какви што користи Велика Британија, а кои содржат животинска маст.

Фигурата на принцезата Европа би требало да биде симбол на европската заедница како целина.

Европската централна банка рече дека принцезата од грчката митологија била ставена на новите банкноти поради нејзината очигледна поврзаност со континентот Европа. Сликата на Европа која е искористена на дизајнот била земена од вазна која моментално е изложена во музејот „Лувр“ во Париз.