Новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, тежнее кон тоа да стане новиот Черчил, додека критичарите стравуваат дека ќе стане новиот Трамп. Коментатор на Асишејтед прес, вели дека Џонсон не е типичен политичар, почнувајќи од изгледот до однесувањето, а неговата кариера ја одбележаа бројни скандали.

Тој е контроверзна фигура во британската политика и новинарството. Приврзаниците го гледаат како духовит, популарен и привлечен. Критичарите од левите и од десните кругови го обвинуваат за елитизам, неискреност, мрзеливост и употреба на расистички и хомофобичен јазик.

За разлика од противкандидатот на изборите, богаташ и претставник на британската елита, Џереми Хант, Џонсон пред да влезе во политичките води, работел и други работи. Откако дипломирал класични науки на Универзитетот во Оксфорд во Лондон, се вработил како советник за менаџмент, но дал отказ по само една недела. Џонсон ја започнал кариерата како новинар, а не како политичар, но набрзо влегол во неволја. Почнал да работи во лондонски „Тајмс“ каде предизвикал скандал, кога напишал текст за археолошко откритие на палатата на Едвард Втори. Џонсон измислил изјава за која лажно тврдел дека ја добил од историчарот Колин Лукас, инаку негов кум. Поради тој скандал бил отпуштен од „Тајмс“.

Џонсон беше и градоначалник на Лондон од 2008 до 2016 година, а во наредните две години беше на министер за надворешни работи.

Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа Џонсон во трката за наследник на Тереза Меј. Токму поради поддршката на Трамп и сличноста во фризурата, Џонсон го нарекуваат англискиот Трамп.

Џонсон е роден во 1964 година во Њујорк. Татко му има турско потекло.