Новинарот Џеф Мејсон го испровоцира Доналд Трамп со прашањето дали ќе го признае Џо Бајден за претседател.

 – Ќе биде тешко да се признае неговата победа, бидејќи имаше огромна измама. Ќе видиме колку брзо ќе се одвива промената на администрацијата, бидејќи времето не е на наша страна. Сè друго е. Факт е огромната измама што се случи. Тоа не смее да се случи во ваква земја – рече Трамп.

Потоа репортерот влезе во вербална дискусија и во еден момент, Трамп ја изгуби смиреноста и му рече: „Јас сум претседател на Америка, никогаш повеќе не разговарај со претседателот така“, по што повика на прашање од друг новинар.