Серша Кенеди (22), внуката на Роберт Ф. Кенеди е пронајдена мртва во својот дом, во местото Хајанис, во сојузната држава Масачусетс.

Според неофицијалните информации таа најверојатно се предозирала со наркотици.

Семејството Кенеди е поврзано со многу тпагедии, меѓу кои и атентатот врз Џон Ф. Кенеди во 1968 година, а потоа и смртта на неговиот син Џон Ф. Кенеди Помладиот кога се урна авионот во кој се превезуваше.

Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди, пак, беше застрелан и фатално ранет во хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес, само неколку часа по победата на партиските избори за претседателската кандидатура, во 1968 година во Калифорнија.