Светската здравствена организација денеска предупреди шест африкански земји на можна појава на ебола откако таа тешка болест се појави во Гвинеја и Конго.

Гвинеја во неделата пријави појава на ебола, првпат по завршувањето на трогодишната епидемија од 2016 година, а денеска веќе регистрирала десет случаи, додека во Конго болеста е регистрирана пред 10 десет дена.

– Веќе предупредивме шест околни земји, вклучително и Сиера Леоне и Либерија и тие брзо се подготвија и бараат потенцијални инфекции – изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.

Таа не наведе кои се останатите земји што се потенцијално загрозени.