Во Шри Ланка денеска се приведени 16 лица, меѓу кои има и странски државјани, во врска со истрагата за бомбашките напади во кои загинаа најмалку 359. Повредени се  500 лица.

Како што соопшти полицијата, со тоа бројката на уапсени се искачи на 76, а меѓу нив има Египќани, Сиријци и Пакистанци, иако нема докази дека се директно поврзани со нападите на три цркви и четири хотели, пренесува „Ројтерс“.

Инаку, на Шри Ланка утрово се случи уште една експлозија, во градот Пугода, оддалечен околу 40 километри од Коломбо, но нема жртви ниту материјална штета.

– Експлозијата се случи зад зградата на судот, работиме на истрагата – изјави шефот на полицијата.