Во Сирија се води нова битка за превласт по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им ја откаже поддршката на курдските сили во земјата, кои побараа помош од довчерашните непријатели, сирискиот претседател Башар ал Асад и Русија.

За критичарите на Трамп, откажувањето на поддршката за Курдите значи поддршка за турската операција во Сирија и е подарок за Русија, Иран и за Исламска држава (ИД).

САД негираат дека дале зелено светло за турската операција, ја повикаа Анкара на примирје и воведоа санкции против турското раководство. Истовремено, повеќе членки привремено го прекинаа извозот на оружје за Турција, која е нивна сојузничка во НАТО и е долгогодишна кандидатка за прием во ЕУ. Анкара го осуди потегот и не го прифати повикот за прекин на огнот во Сирија.