Дваесет и двајца министри на новата шпанска влада на Педро Санчез положија свечена заклетва на церемонијата на која присуствуваше шпанскиот крал Филип Шести.

Пет министри на новиот кабинет се членови на партијата „Обединети можеме“, а нејзиниот лидер Пабло Иглесијас е еден од вицепремиерите, пренесува АП.

Како цели на новата администрација, Санчез постави социјални реформи, економски раст и дијалог со сепаратистите во Каталонија.

Додека положуваа заклетва, сите министри се заколнаа индивидуално дека ќе го почитуваат шпанскиот Устав и ќе бидат лојални на кралот.