Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.

Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.

– Кога Абиј Ахмед стана премиер во април 2018 година, тој јасно стави до знаење дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо ги разработи принципите за мировен договор со кој ќе се стави крај на долгорочниот ќор-сокак меѓу двете земји – соопшти Комитетот.

Зоран Заев и Алексис Ципрас, премиерот на Македонија и поранешниот грчки премиер, беа номинрани за Нобеловата награда за мир за 2019 година поради Договорот од Преспа.

Номинацијата на Заев и Ципрас на 18 декември минатата година во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.